Izvor: SEEcult.org, 12.Mar.2019, 15:26 (ažurirano 02.Apr.2020.)
Oslobađanje prostora, SK
Vrsta dogadjaja: Izložba Datum: Wednesday, March 13, 2019 - 09:00 to Tuesday, April 30, 2019 - 09:00 Link: https://www.facebook.com/msuskopje/ Музеј на современа уметност, Скопје Изложбата "Ослободување-на-просторот" (12.3-30.4.2019) Изложбата ги отвора прашањата наметнати од насилната преобразба на идентитетот на Скопје и наследството од таканаречениот проект „Скопје 2014“. „Ослободување-на-просторот“ беше претставен во македонскиот павилјон на 16-тата Интернационална изложба на архитектурата во Венеција во 2018 година. Поставката вклучува четири проекти изработени од четири тимови архитекти во соработка со кураторите Слободан Велевски и Марија Мано Велевска. Авторите кои учествуваат во проектот се: Дејан Ивановски, Филип Јовановски, Благоја Бајковски, Марина Торнатора, Лучија Ла Ѓуза, Алесандро Де Лука, Гордан Витевски, Мила Димитровска, Владо Данаилов, Александра Шулевска, Слободан Велевски и Марија Мано Велевска. *Работно време: Вто. - Саб. 09:00 - 17:00; Недела 09:00 - 13:00















